Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека доколку се постигне договор со талибанците, бројката на американски војници во Авганистан ќе се намали на 8.600, и тоа ќе биде постојаниот контингент што ќе остане во земјата, пренесоа француските медиуми.
Ќе ги намалиме на 8.600 и тогаш ќе постигнеме решение, изјави Трамп во интервју за „Фокс њуз“.
„Секогаш ќе бидеме присустни во Авганистан“, категоричен е американскиот претседател.
Трамп истовремено предупреди дека доколку има напади врз САД од Авганистан, „ние ќе се вратиме со сила каква што никогаш досега не била употребена“.