Гордо, насмеано, оптимистички, јасно и гласно му се спротивстави на карциномот, а својата битка со него ја биеше јавно. Гордо ја носеше својата нова „фризура“ која ја имаше како последица од хемотерапијата, но и волшебата насмевка која зрачеше со сила, онаа мајчинската, затоа што сака нејзината Лола да расне покрај неа.
Бранкица Раковиќ е маркетиншки стручњак од Бања Лука, креатор на интернет списанието „Лола“, мајка, сопруга, обична жена која твитер заедницата ја обожува. Кога открила дека има канцер, јавно и без страв пишуваше и зборуваше за тоа, а луѓето ја следеа и навиваа за неа.
На почетокот од оваа година, во јануари, таа напиша:
Го нема!
Мртов е!
А јас повторно жива!
ГО НЕМА ТУМОРОТ после година ипол
Фала ви на сите убави желби и мисли
Одам да се исплачам.
Токму таа Бранкица Раковиќ напиша и упатства за тоа како не треба да се однесуваме кон болните луѓе. Се разбира, од лично искуство. Но и она најважното:
„Сакајте! Не се штедете, не сечете и не мерете ‘она мене волку пати, сега јас морам да чекам затоа што јас повеќе’! Сакате да бидете со некого? Со кој и да е? Јавете му се, пишете му, посетете го, изненадете го – досаѓајте му – само не си ја полнете главата со мерење кој кому колку и кога.“
Повеќе за ова на порталот „Мајка и дете“.
Фото: Инстаграм