Изложба на дела од белградската „Галерија 73“ во Порта Македонија

На изложбата се очекува да бидат поставени триесетина дела во различни техники од еминентни српски автори како своевиден пресек на тенденциите во спрската ликовна сцена низ призма на колекцијата на „Галеријата 73“.

76

Изложба на дела од „Галеријата 73“ од Белград ќе биде отворена вечер во галерискиот простор на Порта Македонија во Скопје.

На изложбата се очекува да бидат поставени триесетина дела во различни техники од еминентни српски автори како своевиден пресек на тенденциите во спрската ликовна сцена низ призма на колекцијата на „Галеријата 73“.

На отворањето ќе се обратат директорката на НУ Музеј на македонската борба, Даниела Николова, директорката на „Галеријата 73“, Мирела Пудар и српската амбасадорка Душанка Дивјак Томиќ.

„Галеријата 73“ е основана во 1973 година во Белград, и е еден од најзначајните простори за изложување во градот. Минатата година одбележа 45 години работа.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...