По велигденскиот Топ 13 и потсетувањето на најгледаните скечеви на „Фејсбук“, „Фчерашни новости“ неделава се враќаат со нов материјал и вести.
Во епизодата 29 од сезона 3, последни дознајте: Ексклузивно – Фчерашни на протестот на вулканизерите, сторија од Охрид, Ланчо на местото на злосторот, ново реално шоу: Сѐ за летно тело.
Не ја пропуштајте и оваа епизода на „Фчерашни новости“ оваа недела од 20 часот на Телма и во живо на нивниот официјален канал на „Фејсбук“.