Кралицата Елизабета го прифатила барањето на Борис Џонсон да го суспендира Парламентот, јавува Скајњуз.
Кралицата го одобрила барањето на Џонсон во Балморал, каде ужива во летниот одмор.
„Наредба за суспендирање на парламентот, не порано од понеделник, 9. септември, и не подоцна од четврток, 12. септември 2019, до понеделник 14 октомври“, е објавена по состанокот на кралицата во дворецот Балморал со нејзиниот Личен советник.
Идејата за згаснување на Парламентот , позната како пророгација, предизвика многу контроверзи, а критичарите велат дека така пратениците ќе бидат спречени да ја вршат својата демократска улога во Брегзит.
Инаку, само мал број на министри,според ББС, знаел за овој план, како и дека истиот ќе предизвика голема кавга.
Велика Британија треба да ја напушти ЕУ на 31. октомври годинава, со или без договор.