Украина го ослободи рускиот новинар

72

Украинскиот суд денеска го ослободи од затвор рускиот новинар Кирил Вишински, што веројатно претставува сигнал дека долгоочекуваната размена на заробеници со Русија се враќа на дневен ред.

Судот одлучи да го пушти Вишински на условна слобода по повеќе од една година помината во затвор.

Вишински, кој е уредник на киевската редакција на руската агенција РИА новости, беше в затвор откако во мај минатата година е уапсен под обвинение за предавство.

Неговото ослободување изгледа како знак за почеток на размената на заробеници, за која се разговара откако Володимир Зеленски во април победи на претседателските избори во Украина.

Украина бара од Русија ослободување на 24 морнари уапсени во близина на Крим во ноември минатата година, како и други заробеници.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...