Ќе се оградуваат парцелите за изградба на фотонапонски електроцентрали

474

Владата ја усвои Информацијата во врска со потребата за оградување на парцелите, предвидени за изградба на фотонапонски електроцентрали, согласно Јавниот оглас за доделување на договор за право на користење на премија за електрична енергија произведена од фотонапонски електроцентрали изградени на земјиште во сопственост на Република Северна Македонија.

Владата го задолжи Министерството за економија да пренамени средства за изработка на основен проект за оградување на локациите на државно земјиште за кои е објавен јавен оглас, како и за изработка на геодетски елаборати и хидролошки студии за планираното државно земјиште за кое ќе се објави Јавен оглас за премија за електрична енергија произведена од фотонапонски електроцентрали, изградени на земјиште во сопственост на Република Северна Македонија, во текот на наредната година, информира владината прес-служба.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...