Закерберг поканет следната недела на сослушување во ЕП

Европскиот парламент денеска упати официјална покана до извршниот директор на Фејсбук следната недела да сведочи пред неколку парламентарни комисии во Стразбур.

55

Европскиот парламент денеска упати официјална покана до извршниот директор на Фејсбук, Марк Закерберг следната недела да сведочи пред неколку парламентарни комисии во Стразбур, соопшти портпаролот на ЕП.

ЕП на пленарна седница ќе расправа за случајот со незаконско споделување податоци на социјалната мрежа со фирмата „Кембриџ аналитика“, независно од тоа дали поканата ќе биде прифатена или не.

Закерберг имаше дводновно сослушување во Конгресот на САД, при што призна дека споделувањето лични податоци било грешка и неколкупати се извини за случајот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...