Бразилските власти кажаа дека ќе ја одбијат помошта од Г7 околу пожарите во Амазонија, пренесува „Би-Би-Си“.
Францускиот претседател Емануел Макрон – кој беше домаќин на самитот на Г7 – рече дека 20 милиони долари ќе се одвојат за таа цел.
Бразил не ја кажа причината поради која ги одбива парите. Но, претседателот Жаир Болсонаро ја обвини Франција дека го третира Бразил како колонија.
– Фала, но можеби тие пари ќе бидат покорисни за пошумување на Европа – рекле од администрацијата на Болсонаро.
Било додадено оти „Макрон не може ни да избегне предвидлив пожар во црквата која е дел од светското наследство, а тој сака да ни дава нас лекции за нашата земја?“.
Потоа било додадено и дека Бразил може да ја научи „секоја нација“ како да ги заштити шумите.
ФОТО: EPA / Victor Moriyama / Greenpeace Bra