Макрон им подари на лидерите од Г7 часовници од рециклирана пластика

147
Photo: EPA / MICHEL SPINGLER POOL

Лидерите на Г7 добија необичен подарок од францускиот претседател Емануел Макрон по Самит на Бијариц – рачни часовници изработени од пластика, собрана од океан и рециклирана, објави ТАСС, повикувајќи се на телевизискиот канал БФМТ.

Ремчето на часовници е направено во националните бои на Франција – сина, бела и црвена. Куќиштето на часовникот е црно, а бројчаникот темно син.

Темата за климатските промени и катастрофалните пожари во Амазонските прашуми беа една од темите за која разговараа шефовите на влади или држави од седумте најразвиени земји во светот.

FOTO-EPA-MICHEL-SPINGLER-POOL

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...