Болсонаро: Договорот Г7 ја третира Амазонија како колонија

318
ФОТО: EPA-EFE-Joedson-Alves

Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро денеска изјави дека спогодбата на Г7 за борба против пожарите во Амазонија овој регион го третира како колонија.

Францускиот претседател Емануел Макрон претходно денеска објави дека Г7 се согласила да издвои 20 милиони долари за борба против пожарите, како и за долгорочната иницијатица за заштита на прашумата, пренесоа американските медиуми.

Макрон денеска меѓудругото го обвини Болсонаро за пожарите во Амазонија и повтори дека лаже во врска со  промената на неговата политика кон климатските промени и сечата на шумата.

Болсонаро потоа кажа дека смешните и непотребни напади на Макрон за Амазонија се неприфатливи и го обвини дека регионот го третира „како да сме колонија“. с

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...