Силна економија и држава се можни само со јаки и ефикасни институции

Од особена важност, како што беше речено на тркалезната маса, е институциите да бидат ефикасни во спроведувањето на законите кои ги носат. Притоа не треба да бидат селективни во спроведувањето на правдата да не ја злоупотребуваат власта и да обезбедат сигурен простап до правдата.

341

Бизнисот има потреба од доверба во институциите, сигурност и правен континуитет за да може да даде најдобри ефекти кои ќе придонесат за раст на економијата и општеството во целина. Ова беше речено на денешната тркалезна маса на тема: „Владеење на правото како императив за стабилни и предвидливи услови за водење бизнис“ организирана од Стопанската комора.

Од особена важност, како што беше речено на тркалезната маса, е институциите да бидат ефикасни во спроведувањето на законите кои ги носат. Притоа не треба да бидат селективни во спроведувањето на правдата да не ја злоупотребуваат власта и да обезбедат сигурен простап до правдата.

-Тоа ќе им овозможи непречено да функционираат и останатите чинители: капиталот работната сила и технологијата кои носители на растот. Јака држава и силна економија се можни само со јаки и ефикасни институции кои треба да обезбедат транспарентност, доверливост, сигурност. Во земјава меѓутоа треба да се поработи на јакнење на институциите за да се обезбеди и стабилен раст на екоономијата, не цикличен каков што го имаме сега – рече во своето излагање потпрестедателот на Стопанската комора, Глигор Бишев.

Претседаелот на Собранието на Стопанската комора Антони Пешев изрази песимизам во однос на владеењето на правото во земјава. Низ призмата на актуелната афера „Рекет“ рече дека интегритетот на институциите е доведен во прашање.

– Имам чувство на горчина кога сватив дека се уништува системот. Имаме ситуација кога јавн обвинител кој треба да се бори против корупцијата влегува во ризична ситуација и го доведува во прашање системот на владеење на правото кој е еден од најважните покрај безбедноста за опстојувањето на државата – рече Пешев.

Бизнис заедницата смета дека деловното опкружување сѐ уште не е на задоволително ниво. За да му овозможи на бизнисот континуиран раст.

– Особено загрижувачки е фактот што сите аномалии кои претставуваат пречка за натамошен економски напредок, од типот на корупција, сива економија, дискрециони овластувања, спора администрација, пробив на законските рокови, фаворизирање или дискриминација по разни основи, долги судски постапки, одлагања на судски рочишта и слично, се токму причина или последица на несоодветната имплементација на прописите во практиката – рече Елена Милевска Штрбевска од Комората.

Оценка на бизнис заедницата, како што рече Штрбевска е дека најмалку владеење на правото има во делот на службените овластувања и положби кои се злоупотребуваат, а најмногу, што е, оцени, зачудувачки, во делот на правната сигурност и еднаквоста пред законот.

-Тоа е така зашто државата го има уредено на хартија. Сепак, недостига имплементација – додаде таа.

Евроамбасадорот Самуел Жбогар рече дека на бизност му требаат стабилно и предвидливо деловно опкружување, ефикасни институции и независно судство, но секако е неопходно и бизнисот да ги почитува правилата и нултата корупција.

– Бизнисот треба да учествува во донесувањето на законите, заедно со власта и Парламентот, за да се инкорпорираат неговите интереси и потреби – рече Жбогар.

Тој додаде дека сктуелната состојба со случајот „Рекет“ укажа на фактот дека политиката и од некои домашни и странски медиуми се обидоа да му ја преземат улогата на судството, да ја играат улогата на „поголемиот брат“, диктирајќи ги играчите внатре, во куќата, што е судството.

– Секој стана криминалец што значи дека криминалците станаа анонимни, сите се еднакви, сите се исти – рече Жбогар.

Целокупните состојби со падот на системот на владеење на правото директно се рефлектираат врз младата генерација, рече професорката Ирена Кикерокова од Економскиот факултет.

– Ние имаме студенти кои наместо да се натрпеваруваат за знаење, се натрпеваруваат како да препишуваат. Вградуваат системи во ушите, а нивните роедители им ги диктираат одговорите на прашањата. Ова е загрижувачки каде ни оди целиот систем – рече Кикеркова.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...