За повеќе од 11 отсто зголемен бројот на туристи и ноќевања во Скопје

99

Бројот на туристите во февруари годинава бил 41.182, што е зголемувања за 11,7 отсто во однос на истиот месец лани. Зголемен е и бројот на ноќевањата за 11,8 отсто и во февруари 2018 изнесувал 89.301.

Според Државниот завод за статистика, бројот на домашните туристи во февруари 2018 во однос на февруари 2017  е зголемен за 8,1 отсто, а на странските за 13,8. Бројот на ноќевањата, пак, на домашните туристи е зголемен за 25,4 проценти, а на ноќевањата на странските за 4,3.

Бројот на туристи покажува раст и во периодот јануари – февруари 2018 година во однос на истиот период лани. Зголемувањето е 13 отсто или кај домашните 6,3  а кај странските 17,4. Во овој споредбен период е зголемен и бројот на ноќевањата, за 17,2 отсто – кај домашните туристи за 17, а кај странските за 17,4. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...