Во февруари годинава се издадени 177 одобренија за градење, што е за 51,2 отсто помалку во однос на истиот месец од претходната година, објави денеска Државниот завод за статистика.
Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 2.319.609.000 денари, што е за 63,6 отсто помалку во однос на истиот месец од претходната година.
Намалената предвидена вредност се должи на фактот дека во претходниот период беше издадено одобрение за градење магистрален транспортен топловод во Пелагонискиот регион.
Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 119 (67,2 отсто) се наменети за објекти од високоградба, 22 (12,4 отсто) за нискоградба и 36 (20,4 отсто) за објекти за реконструкција.
Кај 123 објекти (69,5 отсто) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 54 (30,5 отсто) се деловни субјекти.
Во извештајниот период е предвидена изградба на 610 станови, со вкупна корисна површина од 46 493 метри квадратни.