Ќе се избира нова компанија за делницата Дреново-Фариш

655

Владата подготвува тендерска документација за избор на нова компанија за изградба на втората делница од експресниот пат Прилеп-Градско.

Изградбата на експресниот пат Прилеп-Градско се одвива во три фази, а ќе се избира нова компанија  за втората делница, Дреново-Фариш, за што беше надлежна шпанска фирма која досега не доставила план за работа. ЕБРД, која го финансира проектот, одобри да се побара нов изведувач за втората фаза, Владата прави арбитража и се подготвува постапката за нов изведувач. Втората фаза опфаќа 65 насто од патот.

– Знаете дека договорот со фирмата што е склучен во 2016 година е раскинат. Веднаш се повикани луѓе за арбитража, но се подготвува тендерската документација за избор на нова компанија. Очекуваме во законскиот рок да завршат постапките и да се продолжи со работите каде е застанато. Ова, навистина, е една од најважните трансферзали која, буквално, ја преполовува нашата земја. Важна е за туризмот кон Охрид, важна е за Прилеп, за Битола, за Ресен и за цела Пелагонија, за сите градови и села во овој Регион, изјави премиерот Зоран Заев при денешната посета на Прилеп.

Во Буџетот,  потенцираше, се определени средства за делницата и верувам дека наскоро ќе ја видиме механизацијата да работи на терен.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...