Самитот на Г-7 посветен на Иран, трговските војни, пожарите во Амазон

32

Лидерите на земјите од Г-7 на самитот во Франција ќе разговараат за нуклеарната програма на Иран, за трговските војни и за пожарите во Амазонските шуми.

Претседателот на САД, Доналд Трамп и новиот британски премиер Борис Џонсон се меѓу лидерите кои учествуваат на дводневниот самит во одморалиштето Бијариц, што започнува денеска. Домаќин на самиот е францускиот претседател Емануел Макрон. На самитот учествуваат и лидерите на Германија, Канада, Италија и Јапонија, а индискиот премиер Нарендра Моди треба да присуствува како гостин и со останатите ќе разговара најверојатно за кризата во Кашмир.

По заминувањето од Вашингтон, Трамп им рече на новинарите дека очекува „многу продуктивни“ разговори со неговите колеги од Г-7. Тој, исто така, ја повика Франција да се откаже од плановите за наметнување данок на продажба на американските технолошки гиганти како Гугл и Фејсбук, заканувајќи се дека ќе возврати со такси на француските вина.

Макрон рече дека се надева дека ќе ги убеди водачите на Г-7 да се повлечат од трговската војна што веќе го дестабилизира економскиот раст низ целиот свет.

Фото: EPA/LUDOVIC MARIN /POO

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...