Сојузниот суд одлучи дека Трамп нема право да ги блокира луѓето на Твитер

83

Американскиот претседател, Доналд Трамп, најави жалба на одлуката на Сојузниот суд, според која го прекршил Уставот со тоа што на својот твитер профил ги блокирал луѓето чиишто коментари не му се допаѓале.

Трамп, во петокот, побара од Судот повторно да ја разгледа одлуката затоа што смета оти е погрешна. Одлуката ја донесе трочлен судски совет минатиот месец со што ја поддржа одлуката на понизок суд од 2018 година, според која Трамп мораше да ја прекине блокадата за десетици следбеници на Твитер.

Американскиот претседател има повеќе од 63 милиони следбеници на Твитер, каде што најчесто објавува важни пораки. Така, само во петокот објави дека ќе ги зголеми царините за Кина за пет отсто, како и дека му понудил помош на бразилскиот претседател Жаир Болсонаро во гасењето на пожарите во Амазонија.

Фото: EPA/UDOVIC MARIN

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...