Меркел: Макрон е во право, нашата куќа гори и не можеме да молчиме

529
ФОТО: EPA / ALEXANDER BECHER

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави денеска дека лидерите на Г7 „не можат да молчат“ пред  пожарите во шумите на бразилскa Амазонија и ќе повика да се направат сите напори да се запре стихијата.

Таа во видео порака рече дека Германија го поддржува повикот на францускиот претседател Емануел Макрон да се разговара за пожарите во Амазон на самитот на Г7 што започна денеска во Биариц.

„Емануел Макрон е во право – нашата куќа гори и не можеме да молчиме“, рече Меркел.

Таа додаде дека лидерите се „потресени“ од пожарите што ја пустошат Амазонија и ќе разговараат за тоа како можат да помогнат.

ФОТО: EPA / ALEXANDER BECHER

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...