Лидерите на Г-7 поделени како никогаш досега

76

И покрај несогласувањата околу Иран, Украина или Брегзит, Емануел Макрон, кој ќе им се обрати на Французите денес во 13 часот, повикува да се ревитализира средбата  на богатите земји или Г-7, јави дописникот на МИА.

Во 2018 година, претходниот Г-7 имаше резултати распрснати со твитот во текот на ноќта на Доналд Трамп, кој во авионот што го врати во Вашингтон го повлече потписот на последното соопштение за јазвноста и го нарече неговиот канадски домаќин, премиерот Џустин Трудо  „нечесен“ водач. За да се избегне овој ризик Емануел Макрон предвиде дека на смитот во Биариц нема да има завршно соопштение, бидејќи „никој не ги чита, и тие се резултат на бирократи“. Од друга страна, претседателот ќе се обрати пред Французите во 13 часот на телевизија за да ги објасни влоговите на самитот и „целите што се бараат за конкретниот живот на Французите“.

Верзијата за 2019 година на традиционалната средба на седумте најголеми демократски и економски сили на светот се најавува  дека ќе биде особено тешка, поради силните меѓународни тензии и споровите меѓу своите членки (САД, Канада, Јапонија, Франција, Германија, Италија и Велика Британија). Лидерите на Г-7 пристигнуваат во Биариц, ослабени на нивната внатрешна политичка сцена или монополизирани од нивните национални прашања.

Ангела Меркел е на крајот од своето владеење, неспособна за големи иницијативи. Џустин Трудо се соочува со тешки избори во октомври. Италија се бори со нова политичка криза. Демократскиот свет, штотуку навикнат на соло одлуките на Доналд Трамп, сега мора да управува, со Борис Џоонсон, втор провокативен лидер. Што се однесува до американскиот претседател, тој веќе води кампања за неговиот реизбор и ги става интересите на Америка пред оние на Г-7 и во светот.

На повеќето големи меѓународни теми, без разлика дали се работи за трговија, Иран, Сирија, Украина или Брекзит, позициите на лидерите на Г-7 се спротиставени. Франција сака да го спаси иранскиот нуклеарен договор раскинат од Доналд Трамп, но американскиот претседател сака наместо тоа да го зголеми „максималниот притисок“ против Техеран. Германија и Канада се спротивставуваат на предлогот на американскиот претседател за реформа на Г-7 со реинтеграција на Русија. Германија и Франција се поделени по условите на Брегзит, првата е по помирувачка од втората.

Создаден во 1975 година од страна на францускиот претседател Валери Жискард д’Естен при првиот нафтен шок, Г-7 оттогаш се етаблира како еден од главните форум за дипломатски консултации во текот на годината. Но, годишната средба денес е потресена од промените на курсот во геополитичките тектонски плочи, нападите врз мултилатерализмот, подемот на национализмот и потврдувањето на новите сили како Кина и Индија. Како што одминуваат годините, се намалува тежината и репрезентативноста на ова меѓународно тело, чии членови сочинуваат само 40 отсто од светскиот бруто домашен производ и 12 отсто од населението. Само Кина учествува со 19 отсто од глобалниот БДП. Заедно, Кина, Индија, Русија и Бразил се потешки од сите членови на Г-7.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...