Во Албанија најбројни туристите од Косово и од Македонија

Втори по бројност се Македонците или 372.000, што е поголем број за 3,4 отсто. Следуваат Грците со 311.000, Италијанците со 159.000, Англичаните со 223.000, Црногорците со 216.000 и Полјаците со 76.000 посетители кои влегле во Албанија во седумте месеци од годинава, посочува ИНСТАТ

257

Во периодот јануари-јули Албанија ја посетиле 3,3 милиони странски туристи што е за 12,4 отсто повеќе споредено со истиот период лани.

Посетителите од регионот сочинуваат околу 60 отсто од вкупниот број странски посетители во Албанија оваа година.

Граѓаните од Косово, а по нив од Македонија, продолжува да бидат најбројни посетители во Албанија.

Според албанскиот Институт за статистика (ИНСТАТ) во периодот јануари-јули во Албанија влегле 1.057.00 косовски граѓани, што е зголемување за 13,7 отсто споредено со истиот период лани. На туристите од Косово отпаѓа 34 отсто од вкупниот број туристи кои ја посетиле земјата.

– Втори по бројност се Македонците или 372.000, што е поголем број за 3,4 отсто. Следуваат Грците со 311.000, Италијанците со 159.000, Англичаните со 223.000, Црногорците со 216.000 и Полјаците со 76.000 посетители кои влегле во Албанија во седумте месеци од годинава – посочува ИНСТАТ.

Според истиот извор повеќето од земјите со најголем прилив на туристи во Албанија се оние со најголем број албански емигранти.

– Ова значи дека голем дел од туристите кои се пријавени како странци се албански државјани, кои поседуваат документи од земјите каде што се иселиле – наведува Институтот.

Инаку, според Централна банка на Албанија, странските туристи во 2018 година потрошиле околу 1,9 милијарди евра. Секторот туризам и годинава ќе оствари добри резултати, зголемувајќи го својот удел во економијата на земјата.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...