Го убил братот и со количка го туркал телото, снимено на камери

1765

Откако во Шабац е убиен 24-годишниот Игњат Гајиќ, за што е осомничен неговиот брат Богдан, Телеграф објави снимка од улицата Ослободување. Снимката  е направена на 20 август околу 3 часот наутро, кога полицијата го начекала Богдан како турка количка во која била телото на неговиот брат.

Видеото е од надзорните камери. На снимката се гледа  моментот кога Богдан го запира полицијата и го открила телото.

Станува збор за убиство кое ја шокираше Србија. Злосторството се случило во понеделникот. Осомничениот наводно до смрт го претепал брат му и го избол со нож.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...