Во Шпанија втора жртва од листерија

65

Во Шпанија почина уште едно лице од бактеријата „листерија“, добиена преку конзумирање заразено свинско месо. Ова е втор смртен случај од избувнувањето на епидемијата, изјави денеска портпаролот на Андалузискиот здравствен секретаријат Хозе Мигел Кисненос.

Според него, починал 72-годишен маж кој бил во терминална фаза на рак на панкреас.

Листеријата може да биде особено опасна за лица со слаб имунитет и трудници.

Епидемија на листерија е прогласена во Андалузија на 15 август и досега се заразени 186 лица. Првата жртва беше 90-годишна жена.

Здравствените власти во Шпанија издадоа предупредување за целата земја.

Заразеното месо е произведено во компанијата „Магрудис“ од Севиља, пренесува „Ел Паис“.

Истовремено и Светската здравствена организација соопшти дека постои можност да се појават случаи на листерија и во други земји, доколку туристите јадат заразено свинско месо.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...