Владата се подготвува да ја тужи кинеската компанија за неиспорачаните локомотиви

Договорот за набавка на четири електрични ломотиви меѓу кинеската „ЦРРЦ Џуџоу“ и МЖ „Транспорт“ беше потпишан во 2017 година.

1258

Кинеската „ЦРРЦ Џуџоу“ која годинава требаше да ги испорача локомотивите за македонската железница најверојатно ќе заврши на меѓународен арбитражен суд бидејќи не го исполнила договорот за испорака на уште три локомотиви од договорените четири. Владата планира да ги заштити павата на земјава во договорот со кинеската фирма.

Неодамна Владата ѝ даде рок од 15 дена на Железници транспорт да достави информација за тоа кој арбитражен суд е надлежен за овој договор и да достави информација за состојбата со локомотивите со правно и техничко образложение зошто е испорачана само една од договорените четири локомотиви, како и за моменталната состојба со патничките гарнитури, со причини зошто не е направен технички прием за истите.

Од ова информација ќе зависи дали кинеската компнија ќе биде тужена за непочитување на договореното.

Од Железници-транпорт велат дека е формирана комисија кој работи на задачата.

– Согласно потпишаниот Договор со кинеската компанија, во тек се преговори за разрешување на настанатата ситуација. Доколку овие преговори не бидат успешни, како правна можност е започнување  на арбитражна постапка пред Арбитражниот суд во Скопје. Преговорите со кинеската компанија се однесуваат на техничките недостатоци на гарнитурите – велат од Железници.

Оттаму информират дека првата локомотива сѐ уште не е активирана бидејќи нема дозвола.

– За да се добие дозвола за пуштање во сообраќај локомотивата треба да поседува Европски Сертификат за импероперабилност  (ТСИ Сертификат) и да биде извршен технички прием на истата, согласно Техничката докиментација, од страна на МЖ Транспорт АД Скопје. До овој момент во МЖ Транспорт АД Скопје, сѐ уште не е пристигната комплетната Техничка документација, а исто така локомотивата сѐ уште не е обезбедена со горенаведениот Сертификат- појснуваат од Железници.

Според нив,проблем има и со техничкиот прием на две гарнитури и тоа  поради технички недостатоци.

– Не е извршен Технички прием на пристигнатите две електро моторни гарнитури и четирите дизел моторни гарнитури поради тоа што се воочени одредени технички недостатоци, кои не го загрозуваат нивното учество во сообраќајот, при започнување на процедурата за Технички прием -појаснуваат од Железници.

Проектот за набавка на локомотиви како и Проектот за набавка на патнички гарнитури се финансирани од кредити од ЕБОР. Договорот за набавка на четири електрични ломотиви меѓу кинеската „ЦРРЦ Џуџоу“ (China National Railway Locomotive & Rolling Stock Industry Corporation) и МЖ „Транспорт“ беше потпишан во јануари 2017 година. Него од македонска страна го потпиша поранешниот директор на транспорт Никола Костов. Обврска на кинеската компанија беше да ги испорача локомотивите до април годинава, но пристигна само една од четирите планирани.

Инвестицијата вредна осум милиони евра беше обезбедена преку кредит од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), а се реализира во рамки на Проектот за обнова на возниот парк.

Од кинеската компанија претходно беа набавени и шест нови патнички гарнитури.

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...