Обвиненија против тројца министри во косовската Влада

Харадинај денеска на прашањето дали ќе го смени Бечај, одговори дека уште нема официјален допис дека против него е покренато обвинение.

107

Јавното обвинителство на Косово за само шест дена покрена обвиненија против двајца косовски министри – за иновации и за инфраструктура, Бесим Бечај и Пал Лекај, а со обвинување се соочува и првиот човек на Министерството за економски развој, Ваљдрин Лука.

Бечај, кој е член на Демократската партија на Косово (ПДК), е обвинет во врска со аферата за прислушување „Пронто“, а против Лекај, кој е член на Алијансата за иднината на Косово (ААК) на премиерот Рамуш Харадинај, е покренато обвинение за корупција во времето кога беше прадоначалник на Ѓаковица.

Лука, кој е од редовите на Алијансата за ново Косово (АКР), се сомничи дека во својство на висок претставник во Министерството за трговија и индустрија, но и како раководител на Агенцијата за промовирање на инвестиции, во 2014 година почнал процедура за обезбедување средства во висина од 20 илјади евра за невладината организација „Јаков Иновејшн Центар“, во која бил еден од основачите.

Харадинај денеска на прашањето дали ќе го смени Бечај, одговори дека уште нема официјален допис дека против него е покренато обвинение.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...