Над 86 отсто од потрошената струја е од домашно производство

Во јуни годинава вкупно се потрошени 534.935 мегават часови струја,

93

Струјата произведена во домашните капацитетите во јуни годинава учествува со 86,4 проценти во вкупната потрошувачка на електрична енергија, објави денеска Државниот завод за статистика.

Во јуни годинава вкупно се потрошени 534.935 мегават часови струја, 26,590 милиони нормални кубни метри природен гас, 404.496 тони јаглен и 85.948 тони нафтени продукти.

Статистиката покажува дека 94,6 проценти од вкупната потрошувачка на јаглен се употребени за производство на електрична енергија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...