Пролетното поскапување на цигарите. Дел од брендовите цигари поскапеа и за 10 отсто.
Според информациите „Марлборо“ сега чини 110 денари. За 5 денари е зголемена и цената на дел од брендот „Ронхил“ а нови цени се очекува да има и за дел од брендот „Вест“.
Последното поскапување се случи лани, во април. Тогаш, за пет денари поскапеа цигарите „Вест“, „Волтер Вулф“ и „Ронхил Вејв“.
Во Македонија постепеното поскапување на овој акцизен производ се предвиде со Законот за акцизи на цигарите и производите од тутун а почна на 1 јуни 2015 година, кога акцизата се зголеми за 0,15 денари по парче.
Дел од парите што ќе се обезбедат наплата на зголемената акциза треба да се вложат во подобрување на здравствената заштита на граѓаните.