Еден загинат во пожар во болница во Париз ВИДЕО

30

Најмалку едно лице загина , а осуммина се повредени во пожарот што ноќеска избувна во болнички комплекс на периферијата на Париз.

Пожарот во болницата „Анри Мондор” избувнал ноќеска, а бил ставен под контрола рано утрово. Причината за пожарот не е позната.

– Пожарот во станбен блок во болничкиот комплекс „Анри Мондор“ сега е под контрола благодарение на интервенцијата на пожарникарите – рече Мартин Хирш, шеф на јавните болници во Париз.

– Со жал информираме дека едно лице го загуби животот за време на пожарот – додаде тој.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...