Американскиот потпретседател замина на Панамерикански самит во Перу

Американскиот потпретседал Мајк Пенс денеска заминува на Панамерикански самит во Перу, на кој ќе учествува наместо претседателот Доналд Трамп.

42

Американскиот потпретседал Мајк Пенс денеска заминува на Панамерикански самит во Перу, на кој ќе учествува наместо претседателот Доналд Трамп.

Американските медиуми наведуваат дека се очекува со Пенс во Јужна Америка да заминат и ќерката на Трамп – Иванка и зетот Џаред Кушнер, кои воедно се и советници на шефот на Белата куќа.

Според најавите, Пенс на Самитот, кој ќе се одржи за време на викендот, планира да ги промовира САД како стабилен трговски партнер и да изврши притисок врз јужноамериканските партнери дополнително да ја изолираат Венецуела и нејзиниот претседател Николас Мадуро.

САД воведоа санкции против Мадуро и десетици високи венецуеласки функционери, обвинувајќи ја земјата за кршење на човековите права и дека оди кон диктатура.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...