Трамп со ново правило за мигрантите – неограничен притвор

78
ФОТО: EPA / MICHAEL REYNOLDS

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп вчера воведе ново правило кое на властите ќе им овозможи притворање на мигрантските семејства на неопределено време, се додека судијата не донесе одлука за одобрување на азил, со што се поништува досегашното временско ограничување на 20 дена.

Ова ново правило ќе го замени судскиот преседан од 1997 година со кој на американската имиграциска служба и беше ограничено времето во кое смееше во притвор да држи деца на мигранти. Според оваа одлука, вообичаено беше одредуван рок од 20 дена по кој семејствата мораа да бидат ослободени од притвор.

Ова е веќе трета поголема измена на регулативата од страна на  републиканската администрација за нешто повеќе од еден месец, со која се обидува да ја ограничи имиграцијата, а повеќе имиграциски службеници почнаа со извршно делување без официјлана потврда на одлуката во американскиот Сенат.

Трамп вчера пред новинарите кажа дека неговата администрација сериозно го разгледува укинувањето на правото на државјанство за децата на странските државјани родени на територијата ан САД, што ќе биде уште еден обид за целосно укинување на постојните имиграциски закони.

ФОТО: EPA / MICHAEL REYNOLDS

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...