Четиринаесет лица се повредени поради силни турбуленции за време на лет на шпанската чартер авиокомпанија Евелоп. Сите повредени добија медицинска помош во Мадрид, соопшти денеска компанијата.
– Авионот А330-343 Ербас безбедно слета на мадридскиот аеродром „Барахас“ по силните турбуленции кои траеја 15 секунди, поради што авионот „пропадна“ неколку стотици метри над Етиопија, се наведува во соопштението.
Меѓу повредените се и тројца членови на екипажот, кои се здобиле со полесни повреди.
Како што соопштија од компанијата, 11 повредени патници го игнорирале предупредувањето за врзување со сигурносниот појас пред авионот да влета во зоната на турбуленција.