Познатата старлета и ријалити ѕвезда Клои Кардашијан (33) во четвртокот наутро на свет го донесе своето прво дете иако терминот за породување и бил на крајот на април.
Таа родила девојче во Кливленд, а според американските таблоиди предвремените контракции ги предизвикал скандалот во врска со нејзиниот свршеник.
Според тврдењата на таблоидите, Клои контракциите ги добила откако ги видела снимките на кои нејзиниот свршеник, кошаркарот Тристан Томсон се бакнува со друга девојка.