Компаниите треба да изготват посебни стратегии за намалување на влијнието на рецесијата на германската економија во своето работење, а државните институции и бизнис заедницата заедно да работат на решенија за пронаоѓање нови трговски партнери за да се намали негаивното влијание врз домашнта економијата од евентуралното продлабочување на негаивнит тренд на раст на германската економија. Ова го препорачува академик Абдулменаф Беџети како можен излез од состојбата во која може да се најде македонската економија, ако германската како најголем трговски партнер забележи рецесија.
– Имајќи ја предвид високата зависност на македонската економија од економијата на Европската унија и посебно од германската која е најголем партнер во сторковата рзмена, цикличните економски перформанси на таа економија секако ќе влијаат директно на нашата економија. Посебно треба да се има предвид тоа што Германија е најголем трговски партнери на земјава како по обем така и по структура. Но да се надеваме дека германскта економија ќе има подобар втор квартал – вели Беџети.
Според него, она што можат да го направат компаниите кои ќе бидат директно погодени од евентуалнааа рецесија на Германија е да подготват посебни стратегии за да го намалат негативното влијание бидејќи ќе имаат намлен обем на работа со деловните партнери од одваа земја.
– Институциите и бизнис заедницата, пак, би требало заедно да работат во насока на субституција на релациите со германската економија што е долготраен процес. Но мислам дека се мали можностите за брза замена на релациите со германската економија па нашата економија ќе има директни негаивни последици од состојбата во таа економија – вели Беџети.
Ова вели Беџети е поседица на свртеноста на земјава кон геманската економија и економијата на Европската унија и секој потрес во овие економии се чувствува во нашата економија.
Колкав е ависноста на македонската економиј од извозот во Германија говорат статистичките бројки кои покажуваат дека оваа земја е главен трговски партнер на земјава.
Само во изминатиот период од годината обемот на трговската размена со Германија изнесува 2,02 милијарди ревра од кои 1, 56 милијади се извоз на македонски производи, а 464 000 евра се увоз.
Најновата анализа на германската централна банка Бундесбанк, покажува дека тамошната економија не покажува знаци на закрепнување во летните месеци, што е загрижувачки бидејќи во периодот од април до јуни германскиот БДП падна во минус од 0,1 отсто во однос на претходното тимесечје. Ако се покаже дека две тримесечија оваа економија забележи негативен раст, тогаш и официјално економијата е во рецесија.
Банката оценува дека намалениот извоз е главната слабост, но додава дека зголемената домашна потрошувачка и градежништвото спречуваат сликата да изгледа уште полошо. Според Централната банка, останува да се види дали извозот ќе се опорави, или во спротивно ќе ги повлече со него надолу и вработеноста и домашната потрошувачка.