Обвинителството во италијанскиот град Агриџенто нареди евакуирање на мигрантите од „Опен армс“

39

Обвинителството во италијанскиот град Агриџенто нареди запленување на бродот „Опен армс“ што е усидрен во близина на островот Лампедуза, како и моментална евакуација на сите бегалци од бродот.

Италијанска Анса пренесе дека одлуката е донесена откако главниот обвинител го посетил бродот во текот на вчерашното попладне, заедно со екипа лекари.

Бродот цели 19 дена се наоѓа во близина на островот Лампедуза, а на него се речиси 100 мигранти.

Мигрантите по ова наредба уште ноќеска почнааа да се симнуваат од бродот и да се префрлаат на италијанскиот остров.

Британските медиуми наведуваат дека мигрантите, од кои поголем дел се од Африка, се евакуирани по наредба на локалниот јавен обвинител.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...