Претседателот на Одборот за надворешна политика во хрватскиот Сабор, Миро Ковач, денеска оцени дека Хрватите во БиХ со преуредувањето на оваа земја во три региони, по примерот на Белгија, би можеле остварат еднакви права со Бошњаците и Србите.
– БиХ би можела да се инспирира од белгиското уредување, земјата која има три јазични заедници и постојат три региони. Истото може да се направи и во БиХ за Хрватите да можат да бидат во целост рамноправен народ со другите два уставотворни народа Бошњаците и Србите, изјави Ковач во интервју за Радио-телевизија ХерцегБосна од Мостар, пренесе Хина.
Тој додаде дека официјален Загреб ќе биде уште повеќе ангажиран околу БиХ на што повикуваат и одредбите од Дејтонскиот мировен договор.