Трамп смета оти Обама бил „надитрен“ од Путин, па затоа ја сакал Русија надвор од Г-7

358
ФОТО: EPA / ALEXEI DRUZHININ/SPUTNIK/KREMLIN

Американскиот претседател Доналд Трамп би го поддржал враќањето на Русија во Г-7, група на индустриски најразвиените економии, која викендов оддржува годишен самит во Париз.

– Сметам дека би било многу посоодветно Русија да биде внатре – изјави тој синоќа за време на средба во Белата куќа со романскиот претседател Клаус Јоханис.

Трамп повторно ја фаворизира Русија наспроти мнението на сојузниците и воопшто не искоментира за анкесијата на Крим и војната во источна Украина. Укажа дека неговиот претходник, Барак Обама, барал Русија да излезе од групата бидејќи „бил надитрен“, од страна на рускиот претседател Владимир Путин.

– Претпоставувам бидејќи беше надитрен од Путин, Обама сметаше дека не е добро Русија да биде внатре, туку да излезе (од тогашната Г-8) – изјави Трамп.

Американскиот претседател сличен исказ даде и лани, кога пред заминувањето на самитот на Г-7, изјави дека Русија треба да биде вратена во групата.

ФОТО: EPA / ALEXEI DRUZHININ/SPUTNIK/KREMLIN

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...