Toрoнтo ова лето ќе биде исполнет со мистериозни црвени балони, бидејќи тогаш, поточно во јули, започнува снимањето на вториот дел од ланскиот хорор хит „Тоа“.
Станува збор за филм заснован на приказна на легендарниот писател на хорор-трилер романи Стивен Кинг, инаку првпат филмувана во 1990-те. Се раскажува за неколку деца кои се тероризирани од кловн-дух кој „живее“ во подземјето. Продолжението се случува 27 години подоцна, кога децата се веќе возрасни, но повторно се соочуваат со истиот терор и стравови.
Меѓу позвучните имиња од новиот кастинг се Џесика Честејн и Бил Скарсгард, a режисерското столче повторно му припадна на Енди Мускиети.
Премиерата е закажана за 19 септември наредната 2019 година.