Од странство ќе се бараат пари за гасоводите на делниците Гостивар-Кичево и Свети Николе-Велес

425

Владата на денешната седница ја усвои информацијата за динамиката и финансиските средства за реализација на проектите за изградба на магистрални гасоводи на делниците Гостивар-Кичево и Свети Николе-Велес.

Министерството за финансии во соработка со МЕР АД Скопје, согласно владината одлука, треба да се обратат до меѓународни финансиски институции и билатерални кредитори со барање за обезбедување на средства во вид на заем обезбеден со државна гаранција за финансирање на проектите за изградба на овие магистрални гасоводи.

Владата, во рамки на денешната седница, ја разгледа и усвои и информацијата за Програмата на економски реформи 2020-2022 година со Акциски план за реализација на препораките усвоени на Економско – финансискиот дијалог во мај 2019 година.

Кабинетот на вицепремиерот задолжен за економски прашања и координација со економските ресори, и останатите министерства, агенции и фондови надлежни за спроведување на Програмата на економски реформи 2020-2022, согласно владината одлука, треба до 26 август 2019 година, до Министерството за финансии да достават дијагностика со предлог реформски мерки, согласно своите надлежности, кои ќе бидат составен дел од првата нацрт верзија на Поглавјето 5 од Програмата на економски реформи 2020 – 2022.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...