Вршителот на должноста директор на Федералното биро за затвори Хју Хурвиц е суспендиран од функцијата и преместен на друга должност. Тоа го објави денеска министерот за правда Вилијам Бар.
Претходно Бар изрази загриженост заради „сериозни неправилности“ во њујоршкиот федерален затвор каде финансиерот Џефри Епстајн овинет за сексуално злоставување десетици малолетни девојки во Њујорк и на Флорида беше пронајден мртов на 10 август. Според медицински и полициски наоди, Епстајн извршил самоубиство во затворот.
Бар наведе дека ќе ја назначи Катлин Хоук Соер на местото на Хурвиц. За тоа назначување не е потребна согласност од Сенатот.
Епстајн беше во федерален затвор во Менхетен.