Британскиот премиер Борис Џонсон денеска ги повика Германија и Франција да направат компромис за Брегзит, нагласувајќи дека неговата земја ако има потреба, ќе биде целосно подготвена да ја напушти ЕУ без договор на 31 октомври.
– Ние ќе бидеме подготвени да излеземе на 31 октомври – со или без договор. Секако, нашите пријатели и партнери од другата страна на Каналот не покажуваат доволно волја да го променат својот став и тоа е добро, сигурен сум дека ќе го сторат тоа – рече Џонсон.
По повод посетата на Берлин и Париз оваа недела, Џонсон рече дека очекува компромис за „бекстоп“, одредба според која нема да има „тврда“ граница меѓу Република Ирска и Северна Ирска.
ФОТО: EPA / NEIL HALL