Британија согласна за мерки против користењето хемиско оружје во Сирија

Владата постигна сосгласност дека е неопходно да се преземат мерки за да се спречи користење хемиско оружје од режимот на Асад, нагласи портпарол на Кабинетот.

123

Британската Влада смета дека е неопходно да се преземат мерки против користењето хемиско оружје во Сирија. Тоа се нагласува во соопштение по итната седница на Кабинетот на премиерката Тереза Меј.

– Владата постигна сосгласност дека е неопходно да се преземат мерки за да се спречи користење хемиско оружје од режимот на Асад – нагласува портпарол на Кабинетот.

Владата смета дека е „многу веројатна“ одговорноста на Дамаск за наводниот хемиски напад извршен минатата сабота во градот Дума во кој загинале „до 75 луѓе“, се додава во соопштението.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...