Ловџиите не пронашле угинати диви свињи, земјава засега надвор од опсегот на свинската чума

Тој појасни дека главна цел на ловџиите во оваа активност е да откријат угинати диви свињи или животни кои имаат симптоми на свинска чума.

1322

Од почетокот на вонредниот лов на диви свињи за да се спречи да не се префрли свинсакта чума од Бигсрија и Србија во земјава, досега застрелана е само една свиња, информира денеска директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Зоран Атанасов.

Тој појасни дека главна цел на ловџиите во оваа активност е да откријат угинати диви свињи или животни кои имаат симптоми на свинска чума.

-Добро е тоа што ловџиите немаат пронајдено угината дива свиња, што е цел на нивното излегување во овој случај и наша цел да се заштитиме од продор на болеста од соседството во земјава – вели Атанасов.

Тој информира дека ловечките друштва се активни во Македоснки Брод, Гевгелија, источниот дел од земјата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...