ОН: Од Втората светска војна немало толку бегалци

36

Бројот на бегалци во светот достигна рекордни 70 милиони луѓе, соопштија Обединетите нации, додавајќи дека толкав број на бегалци не е забележан уште од Втората светска војна.

Во соопштението на германскиот огранок на УНХЦР, објавено пред Светскиот ден на хуманитарноста, се наведува дека луѓето бегаат од војните, прогонот и последиците од глобалното затоплување.

Хуманитарната организација СОС Детско село објави дека минатата година се убиени или повредени 12.000 деца. Се додава дека илјадници се киднапирани и станале деца војници, а стотици илјади имаат сериозни трауми.

Најголем број убиени или повредени деца се регистрирани во Авганистан (3.062), Сирија (1.854) и Јемен (1.698).

– Овие бројки веројатно се и многу поголеми – предупреди главниот психолог во СОС Детското село, Тереза Нгиги.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...