На првиот ден од Брегзит, Британија ќе забрани слободен влез за граѓани од ЕУ

Други лица коментирале дека се отвараат и прашања од типот на „што ќе значи ова за оние луѓе од територијата на ЕУ кои имаат куќа во Велика Британија а патувале во странство, кога ќе се обидат да се вратат“?

1125

Слободното движење во Велика Британија за луѓето во територијата на Европската унија ќе заврши на првиот ден од Брегзит без договор. Ова следува и покрај предупредувањата од хаосот што ќе настане заради ваквата одлука.

Како што пренесува „Индепендент“, новата министерка за внатрешни работи Прити Пател притиска ова да се спроведе веднаш на 31 октомври, иако не се знае како ќе биде новиот систем за влегување во Велика Британија.

Либералните демократи оваа одлука ја сметаат за „брутална“, кажувајќи дека Пател се покажала како да е „тотално одвоена од реалноста“.

Организација која претставува над три милиони луѓе од територијата на Европската унија во Британија, изјавила:

– Ова ќе ја отвори вратата на дискриминацијата. Нема никакви заменски систем.

Други лица коментирале дека се отвараат и прашања од типот на „што ќе значи ова за оние луѓе од територијата на ЕУ кои имаат куќа во Велика Британија а патувале во странство, кога ќе се обидат да се вратат“?

– Да се забрани слободното движење значи и дека ние нема да можеме да им даваме безвременски и неконтролиран пристап на оние лица од земјите во Европската унија кои ќе доааѓат тука по работа – рекол извор за медиумот.

Некои го опишуваат ова и како „политички потег кој ќе има големо влијание врз животот на луѓето“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...