Данската премиерка: Гренланд не е на продажба, а да им се продаде на САД е апсурдно

Гренланд не е на продажба. Гренланд не е дански. Гренланд му припаѓа на Гренланд. Искрено се надевам дека не се сериозни во намерата, рече Фредериксен за весникот „Сермитсиак“.

623
ФОТО: EPA / JENS SCHLUETER

Гренланд не е на продажба, а идејата да им се продаде на САД е апсурдна, порача вчера данската премиерка Мете Фредериксен откако економскиот советник на американскиот претседател Доналд Трамп  потврди дека Вашингтон е заинтересиран за купување на овој остров.

– Гренланд не е на продажба. Гренланд не е дански. Гренланд му припаѓа на Гренланд. Искрено се надевам дека не се сериозни во намерата – рече Фредериксен за весникот „Сермитсиак“ во текот на посетата на островот што е во составот на Кралството Данска.

Британските медиуми најавуваат дека на почетокот на следниот месец Трамп доаѓа во посета на Данска кога со премиерката Фредирексен и премиерот на Гренланд, Ким Клисен, ќе треба да разговараат за Арктикот.

Економскиот советник во Белата куќа, Лери Кудроу претходно вчера изјави дека Трамп „сака да го разгледа купувањето на Гренланд“ иако од овој остров порачаа дека не се на продажба.

ФОТО: EPA / JENS SCHLUETER

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...