Шојгу: Русија нема да распоредува нови ракети, сѐ додека САД се воздржуваат во Европа и Азија

112
Русија нема да распоредува нови ракети сѐ додека САД исто така се воздржуваат  во Европа и Азија, изјави рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу.

САД официјално се повлекоа на 2 август од договор со Русија за елиминација на нуклеарните ракети со краток дострел и среден дострел (ИНФ), обвинувајќи ја Москва за кршење на тој договор и распоредување забранети видови ракети, што Кремљ негира.

ИНФ беше склучен во 1987 година и со него се елиминираа ракети со дострел од 500 до 5500 километри.

Русија исто така се повлече од договорот, но Шојгу рече дека нема планови за распоредување нови ракети.

– Ќе се придржуваме до тоа. Ако нема такви системи во Европа, нема да сториме ништо таму, изјави тој за телевизијата Росија-24.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...