Судот го одби барањето девојче да пее во машки хор во Берлин

Берлинскиот административен суд наведе дека правото на хорот да избере пејачи е посилно од принципот на родова еднаквост.

164

Германски суд го отфрли барањето на деветгодишно девојче да се приклучи на хор составен само од момчиња во Берлин.

Во своето образложение, Берлинскиот административен суд наведе дека правото на хорот да избере пејачи е посилно од принципот на родова еднаквост.

Девојчето може да поднесе жалба на пресудата.

Во тужбата, која ја поднесе мајката на девојчето, се посочуваше дека тоа било одбиено само поради полот и оти тоа е родова дискриминација.

Државниот катедрален хор, основан 1465 година е еден од најпознатите хорови од момчиња во Германија. Основач бил Фридрих Втори од Бранденбург и во изминатите 554 години никогаш не примил член од женски род.

Девојчето чие име и потекло не се соопштени, се јавила на аудиција во март годинава и не била примена.

Хорот тврди дека била одбиена не само што е од женски пол, туку дека би и бил понуден ангажман доколку покажела исклучителен талент. Судот констатирал дека не покажала дека гласот ги исполнува барањата потребни од кандидатите кои доаѓаат на аудиција.

Мајката на девојчето, која ја поднела тужбата во нејзино име, тврди дека одбивањето да биде примена е дискриминаторно и оти го крши нејзиното право да и се дадат истите шанси како на другите кандидати, иако се работи за хор кој делумно го финансира и државата. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...