Додик: Нема да гласам за Националниот план за пристапување кон НАТО

97
ФОТО: Твитер

Членот на Претседателството на БиХ Милорад Додик изјави денеска дека на вонредната седница на Претседателството нема да гласа за Годишниот национален план за пристапување на Босна и Херцеговина во НАТО.

Тој рече дека Република Српска, по 5 септември, кога изминува рокот за формирање Совет на министри, ќе одлучи како понатаму да се однесува во однос на БиХ.

– Ќе одам на седницата на Претседателството, закажана за 20 август. Не барам да биде повлечена таа точка од дневен ред, туку ќе гласам против. На тоа ме обврзува одлуката (за воена неутралност) на Народното собрание на Република Српска, истакна Додик.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...