Приведени 80 демонстранти во Зимбабве, а седуммина се повредени

Полицијата употреби солзавец и со палки ги удираше демонстрантите за да го задуши протестот, пренесува Танјуг. Една жена изгубила свест откако била претепана од полицијата.

40
ФОТО: EPA / AARON UFUMELI

Седум лица се повредени, од кои едно е во критична состојба, а 80 се приведени за време на антивладините протести во главниот град на Зимбабве, Хараре.

Полицијата употреби солзавец и со палки ги удираше демонстрантите за да го задуши протестот, пренесува Танјуг. Една жена изгубила свест откако била претепана од полицијата.

До насилството дојде кога неколку стотици демонстранти се собраа на Плоштадот на африканското единство во центарот на главниот град, и покрај забраната за одржување демонстрации, поддржана од Високиот суд.

Организациите за заштита на човекови права ја критикуваа полицијата, тврдејќи дека употребила прекумерна сила, што полицијата негираше.

Организаторите на протестите велат дека сакале на мирен протест да извршат притисок врз претседателот Емерсон Мнангагва за да воспостави преодна влада која ќе ги реши економските проблеми и ќе организира кредибилни избори.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...