Градот уште не знае што ќе прави со галиите во Вардар

1604

Градот Скопје бара модуси за справување со таканаречените галии во реката Вардар, кои се покажа дека претставуваат опасност по безбедноста на скопјани и нивните имоти поради блокирањето на коритото на реката. Во моментов се прават анализи на правните обврски на Градот за овие објекти и финансиските импликации по што би се донеле соодветните одлуки.

Вака одговорија од Град Скопје, на прашањата од Плусинфо до каде е процедурата за отстранување на галиите од коритото на Вардар.

Претходно беше речено дека Градот нема пари да ги извади галиите, но останаа неодговорени прашањата дали Градот каков е планот со галиите дали тие ќе останат и како ќе се надмине проблемот со евентуални временски непогоди, надоаѓање на Вардар, ако не се тргнат.

Градоначалникот Петре Шилегов во февруари лани даде наредба да започне отстранување на бродовите во реката Вардар.

– Наредив да започне постапка за дислоцирање на галиите, во тек се постапките како ќе бидат созреани одлуките за носење така ќе бидат објавени – рече тогаш Шилегов.

Дали и колку ќе бидат обесштетени сопствениците Шилегов тогаш не прецизираше, рече дека не е донесе дефинитивна одлука, а кога ја донесат јавноста и сопствениците ќе бидат информирани.

Според неговите тогашни проценки, за дислоцирање на галиите и уривање на мостот за Панорамското тркало потребни ќе бидат околу 5 милиони евра.

Според Студијата за намалување на ризик од поплави во Главниот град од УНДП во соработка со градот и Центарот за управување со кризи, архитектонските измени направени на реката, во кои влегуваат новите мостови и трите статични галии, ја намалиле пропусноста на коритото на реката за 25 до 30 отсто од првопроектираниот проток од 1.150 кубни метри во секунда.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...