Словенија в сабота распишува парламентарни избори

Најверојатни датуми за изборите се последната недела во мај или првата недела во јуни.

77

Словенечкиот претседател Борут Пахор в сабота ќе потпише одлука за распуштање на сегашниот состав на парламентот и распишување нови избори за 90 пратеници. Тогаш ќе биде објавен и датумот за одржување на изборите.

Најверојатни датуми се последната недела во мај или првата недела во јуни.

Според словенечки медиуми, партијата на премиерот Миро Церар сака изборите да се одржат на 3 јуни за да може парламентот да доврши некои веќе почнати постапки.

Другите поголеми партии сакаат избори на 27 мај.

Кабинетот на Пахор соопшти дека денеска и утре тој ќе изврши завршни консултации со политичките партии, а одлуката ќе ја соопшти в сабота во 11 часот.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...